Честитка од СПМ за 8-ми Септември

Почитувани граѓани на Македонија,
Дозволете ми во мое лично име и во името на Социјалистичката партија на Македонија да ви го честитам 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
Денот на кој ние македонците и сите граѓани во 1991 година референдумски одлучивме Македонија да биде независна држава, остварувајќи го вековниот сон на нашите претци.
Издржавме бројни искушенија и поминавме многу премрежја, а 32 години подоцна како народ и држава повторно минуваме низ период во кој е потребно многу мудрост, храброст и одлучност во носењето на одлуките и дејствувањето. Затоа што повторно минуваме низ период во кој од внатре и од домашни апатриди ни се отворија прашањата што длабоко задираат во нашиот идентитет и битие. Во наредниот период не смееме да дозволиме непромислени одлуки од кои би се каеле и со последици кои би ги чувстувале долго во иднина. Антидржавните и антимакедонски политики мора да ги запреме, не смее да продолжи тргувањето со највисоките државни и национални интереси. Само единствени и сплотени, со јасна визија и зацртана цел, ќе успееме Република Македонија да ја одбраниме, да ја сочуваме и одново да ја ослободиме.
За да бидеме силни како никогаш до сега потребни ни се единството и сплотеноста. Не очекува изборно соочување на кое ние со нашиот народ ќе им се спротивставиме на оние кои не и сакаат добро на нашата Татковина, кои во изминатите години ја осиромашуваа, крадеа, уништуваа и ја предадоа.
Пред 32 години сонот на тогашните генерации беше независна Македонија, денес сонот на нашата генерација е економски стабилна и просперитетна држава, единствена и меѓународно почитувана.
Овие цели, заедно со евроинтегративниот пат, се правците по кои треба да се движиме и за кои секојдневно треба да работиме.
Секој од нас има сон и идеи за сопствената иднина, но најважно од сè е идејата за наша заедничка македонска иднина и дека само сплотени во единство можеме заедно да изградиме сигурна иднина за успешна и слободна Македонија.
Нека ни е честит Денот на независноста, нашиот македонски државен празник 8-ми Септември!
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Врачени благодарници на грчките болници, кои ги лекуваа повредените од трагедијата во Кочани
-

Црногорскиот претседател Милатовиќ во официјална посета на земјава
-

Обвинителство: Заврши увидот во Росоман каде син уби мајка, издадена наредба за обдукција
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене
-

16-годишно девојче од Скопје пријавено за исчезнато, пронајдено во стан во Гостивар
-

Зголемена реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун
-

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок
