Честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски по повод 8 Септември
Почитувани граѓани на Македонија,
Пред 23 години, единствени во намерата да бидеме свои, на 8 Септември 1991 година, на нашиот трет Илинден, храбро, решително и одговорно го остваривме копнежот на нашите предци за слободна, независна и суверена Република Македонија.
Во изминатите 33 години доживувавме моменти на славење, но и на длабоки разочарувања, на светли успеси и на големи падови.
Пред 33 години ние сите се радувавме на стекнатата независност и слободното располагање со макотрпно изграденото во претходното живеење во југословенското заедништво..
Од 1991 година достоинствено издржавме пред бројните искушенија и, покрај се, останавме доследни на нашиот праведен пат. Патот беше трнлив, но се надевавме дека ќе ни помогне да изградиме силно чувство за сопствената држава и да бидеме посилни, посплотени и поуспешни.
Денес сме горди на нашите претходници на кои им успеа да ја изградат Македонија како демократска држава во која сите посакувавме да владее правото и грижата за секој поединец, како во вистинска социјална држава.
Се посветивме кон остварување на нашата европска иднина, ја отворивме Македонија кон светот и ја направивме меѓународно призната.
Третиот Илинден е ден на благодарност кон хероите, Илинденците и АСНОМ-ците, но и ден на обврска кон хеорите на иднината–нашите наследници. Затоа што заветот на нашите предци е да трасираме сигурен пат за нашите потомци. Сигурниот пат кој ќе значи почитување и владеење на правото и полагање на одговорност пред народот, но и почитување на националните и државни интереси. А секоја нова реформа, секој нов закон, секоја нова инвестиција, секое ново работно место е влог во иднина на младите луѓе.
Вложувањето во нашата сегашност е вложување и во нивната иднина.
Ние продолжуваме да ја градиме Македонија како економски силна и развиена, напредна и успешна. Македонија во која посакуваме да се негува традицијата на заедништвото и разбирањето, со прифаќање и почитување на различноста, држава на благосостојба и солидарност, социјална држава, земја на иновации и нови технологии.
Тоа можеме да го оствариме само со единство, со внатрешно национално единство и сплотеност на кои најгласно не потсетува и денешниот голем ден.
Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.
СПМ
Ново на Сител
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија