-->
-->
Честитка од претседателот на Собранието по повод Рамазан Бајрам
-->

Претседателот на македонското Собрание Талат Џафери упати честитка до припадниците од исламска вероисповед по повод денешниот празник Рамазан Бајрам.
- Посакувам овој празник да ве најде во добро здравје, во благосостојба во вашите домови и хармонија во семејниот круг. Ова се времиња на историски предизвик и искушенија за Република Македонија, и затоа посакувам меѓу сите граѓани да надвладее мудроста, разбирањето и визионерството. Заедно, сплотени, сме посилни, помудри и ќе бидеме ветер кој ќе ја носи Република Македонија во вистинскиот правец, а тоа е полноправно членство во НАТО и ЕУ, природен и цивилизациски дел од европското семејство и европските вредности, напиша Џафери во честитката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка – нов случај на семејно насилство во Скопје
-

Како да се заштитат жртвите на семејно насилство?
-

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени
-

Само 8% од Ромките се вработени, но многу мал број пријавуваат дискриминација
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
