Честитка од претседателот Иванов по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците - 28 Септември на припадниците на бошњачката заедница во Република Македонија, со желби за натамошно успешно негување и развивање на бошњачката култура во земјава.
- Спецификите и богатата бошњачка традиција сочувана до денес имаат исклучително значење во негувањето на меѓусебните односи кои се вредно наследство и за идните поколенија. Почитувањето на културните особености и различности ни овозможува подобро меѓусебно разбирање и развој на целокупните општествени односи. Во оваа пригода сакам да ја истакнам личната поддршка во афирмирањето на културните вредности и негувањето на јазикот на припадниците на бошњачката заедница, кои несомнено даваат исклучителен придонес во општествениот живот и во културната разноликост во нашата држава. Почитувајќи ја вашата посебност и лојалност кон државата ви го честитам празникот со желби за благодат и заеднички развој, пишува во честитката на претседателот Иванов.
Ново на Сител
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
-

Магла на планинските премини Стража, Плетвар и Крушево, сообраќајот се одвива по влажни коловози
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија со дете и полов напад
-

Мухамет Хоџа нов министер за животна средина, Беким Сали министер за евроинтеграции
-

Со сослушување два сведоци продолжи судењето против Нино Васев
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар
