Честитка од претседателката на КОВЗ до Еврејската заедница по повод Ханука
Претседателката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗ) Валентина Божиновска денеска упати честитки до претседателката на Еврејската заедница во Македонија Берта Романо-Николиќ, по повод празникот Ханука.
- Ханука е симбол на еврејското национално опстојување и на чудата кои произлегуваат од истрајноста во верата. Ова е многу важно бидејќи верската слобода денес е фундаментално човеково право кое го препознаваат сите религии и верски заедници. Низ историјата, Евреите претрпуваат незапаметени прогонства и неизмерни страдања, но сепак, тие и натаму опстојуваат благодарение на верата и желбата да се сочува традицијата. Пораката на Ханука е универзална, а таа е да ја чуваме и негуваме нашата вера без оглед на надворешните влијанија, преку реафирмација на нашите заеднички заложби во градењето на еден подобар свет за сите. И најважно, овој голем еврејски празник е тука да нè потсети дека ниту една сила или авторитет не се доволно моќни да ја урнат верата и достоинството на еден народ и неговото исконско право на сопствено уверување и самоопределување.
Поздравувајќи Ве со традиционалниот поздрав ХАНУКА САМЕАХ уште еднаш Ви го честитам овој голем празник посакувајќи Ви празничните денови да ги поминете во кругот на Вашите најблиски, со многу радост, светлина и љубов, се наведува во четитката од Божиновска.
Ново на Сител
-
54-годишен маж од Делчево загина при излетување од коловозот со мопед
-
Мртво бебе пронајдено во корпа за отпадоци во Подгорица, мајката е уапсена
-
ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар „бекап“ за клинички центар, вели Таравари
-
Од среда нестабилно со локален дожд и снег
-
Русија останува отворена за дијалог за решение на конфликтот во Украина
-
Се обидел да силува и истепал болна жена роднина, соседот го затекнал па го истепал и него
-
Пожар изби наспроти „Американ колеџ“ во Аеродром
-
Рекорднo намалување на бројот на склучени бракови минатата година во Кина