Честитка од премиерот Заев за воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во Македонија во Епархија
Премиерот Зоран Заев, на католиците во Република Македонија им го честита воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во Епархија, од страна на Папата Франциск.
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, испрати писмо со честитки и до Бискупот Скопски Киро Стојанов, кој со оваа одлука на Ватикан се стекна и со титулата Епарх на Епархијата Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје.
- Одлуката на Светиот Отец Папата Франциск, досегашниот Апостолски Егзархат во Македонија да го воздигне во Епархија под наслов Успение на Пресвета Богородица во Струмица - Скопје, за католиците од византиски обред, за нас претставува потврда за достојното внимание на Светата столица во Ватикан за верниците од католичката вероисповед во Република Македонија, се вели во писмата со честитки до Стојанов и до Марјан Ристов, канцелар на Бискупијата Скопска.
Слободата на вероисповедта и на верската определба, додава премиерот Заев, но и унапредување на правата и слободите на сите наши граѓани, останува цврста заложба во реформирањето на нашето заедничко општество во насока на подобра и европска иднина за сите граѓани на нашата Република Македонија.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана