Честитка од премиерот Димитриев по повод Денот на наставата на турски јазик

Премиерот Емил Димитриев лично и во име на Владата на Република Македонија го честита 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик на турската етничка заедница во земјава.
- Одбележувањето на овој ден како празник за припадниците на турската заедница во Република Македонија, претставува уште една силна потврда на нашите заеднички заложби за континуирана изградба на нашето општество врз принципите за еднаквост на заедниците и негување на културната разноликост и различните традиции, кои претставуваат карактеристика на мултиетничкиот и мултикултурниот мозаик на нашата држава, пишува Димитриев во честитката.
Водени од овие принципи и фокусирани на развојот на Република Македонија како држава на мултикултурно разбирање, почитување и толеранција, наведува Димитриев, секоја година заеднички ги одбележуваме и прославуваме различностите и традициите во нашата држава кои претставуваат наше богатство, пример за нашиот соживот и нашата заедничка интенција за изградба на стабилна, напредна и просперитетна Република Македонија.
- Вие, припадниците на турската заедница во Република Македонија, активно придонесувате во развојот на нашата држава и во развојот и продлабочувањето на пријателските односи помеѓу Република Македонија и Република Турција. Ваквите односи се карактеризираат со пријателство, разбирање, интензивна соработка, отворен дијалог, конзистентна поддршка во почитувањето на нашите национални и државни интереси и нашите евроатлантски аспирации. Изразувајќи Ви благодарност за Вашите досегашни заложби Ве повикувам и во иднина да продолжите со Вашиот активен придонес во процесите за просперитетна и економски силна Република Македонија, пишува во честитката на премиерот Емил Димитриев по повод Денот на наставата на турски јазик.
Ново на Сител
-

Кувајт протера ирански дипломати по смртоносните напади
-

Во ДР Конго потврдени 344 случаи на ебола, 60 пациенти починаа
-

МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег
-

Скопје ќе биде престолнина на европскиот кикбокс – Македонија домаќин на Европското кикбокс првенство 2026
-

МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег
-

Се бара притвор за Стефан Богоев, примил мито од 111.600 денари и наместил тендер за чистење гранични премини
-

КБК „Шампион“ со 12 медали на Балканското првенство во Нови Сад
-

ФФМ ја суспендираше Шкендија од Купот за 2026/27 по одбивање на медалите на финалето против Силекс
