Честитка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по повод Денот на настава на турски јазик

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на припадниците на турската заедница во Република Македонија им го честита 21 декември, Денот на одбележувањето на наставата на турски јазик.
- Како пратеници сакаме да го истакнеме значењето на образување на мајчиниот јазик кој што претставува нераскинлив дел од обележјето на еден народ. Турската заедница во Република Македонија претставува значаен дел од македонското мултиетничко општество и преку празнувањето на овој значаен ден се овозможува на нашите сограѓани, припадници на турската заедница, да го јакнат својот национален и културен идентитет. Во Република Македонија живеат различни народи, живеат различни култури кои зборуваат на различни јазици, стои во честитката.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека турската заедница дава огромен придонес во развојот на Република Македонија, но исто така гледа пријател и сојузник во Република Турција, земја која што секогаш е отворена и со постојана политичка поддршка за развој на добрите културни и економски односи со Република Македонија.
- Како пратеници од пратеничката група на ВМРО-дПМНЕ и понатаму ќе продолжиме да градиме заедничка иднина на соживот, еднаквост и почит, бидејќи сметаме дека тоа е единствениот начин преку кој Република Македонија ќе биде препознатлива во светот како земја на доверба, толеранција и заедништво, се вели во честитката по повод Денот на одбележувањето на наставата на турски јазик.
Ново на Сител
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
