Честитка од Пендаровски за Курбан бајрам: Да работиме на разбирање и меѓусебно почитување
Македонскиот претседател Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед во Република Северна Македонија по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, нагласувајќи дека во пресрет на празникот кој го потенцира дарувањето и солидарноста и посакува да го минат во здравје, благосостојба и хармонија, помагајќи им на сите на кои им е потребна помош, поткрепа и безусловна љубов.
– Дозволете да ја искористам оваа можност да Ве повикам и понатаму посветено да работиме на разбирањето и меѓусебното почитување без разлика на верска, етничка или која било друга припадност. Верувам дека со заеднички усилби конечно ќе изградиме едно општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и слободен, се наведува во честитката на Пендаровски.
Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, Пендаровски, по повод Курбан бајрам, упатил честитка и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.
– Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник Курбан бајрам. Посакувам Исламската верска заедница и понатаму посветено да ја извршува својата мисија грижејќи се подеднакво за сите свои верници и да придонесува за развиена, просперитетна и демократска Република Северна Македонија, се додава во честитката на Пендаровски до реисот Реџепи.
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство

