Честитка од Пендаровски по повод 8 Март
Статусот, положбата и улогата на жените е јасен показател за степенот на демократијата во едно општество. Доколку сакаме да живееме во вистински демократско општество мора да ги земеме предвид потребите на сите граѓани во креирањето, носењето и спроведувањето на политиките. Тоа подразбира здрав амбиент во кој жените ќе бидат вклучени, а не исклучени од политичките процеси и гарантирање на буџет со цел родовите политики да не бидат празно слово, туку реално да се спроведуваат во пракса. Ова го напиша претседателот Стево Пендаровски по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жените.
На тој пат, како што посочува Пендаровски, мора уште посилно да продолжиме да се бориме за справување со бариерите со кои се соочуваат жените кога влегуваат во јавниот живот.
-Да ги охрабриме жените претприемачи, жените во политиката и жените на раководни позиции. Да обезбедиме рамноправна валоризација на нивниот труд и еднакви плати меѓу мажите и жените. Да ја прекинеме родовата супресија и насилство, коишто освен физички, уште повеќе се изразени преку систематското игнорирање и маргинализирање на општествената позиција на жената. За секоја жена да се чувствува безбедна и сигурна во семејството, на работното место и во општеството, не смее да има преседани во задоволување на правдата за жените жртви на родово-базирано насилство, порачува Пендаровски.
Само така, како што додава шефот на државата, ќе овозможиме политичко и економско јакнење на статусот на жените, социјална правда и остварување на нивните уставно-загарантирани права и слободи.
-Колку повеќе вложуваме во родовата еднаквост, толку повеќе ќе им овозможиме на идните генерации да наследат општество во кое стереотипите, дискриминацијата и системските бариери ќе се намалуваат. Борбата за родова рамноправност и еднаквост не смее да биде празна флоскула, туку вистински применлива во сите општествени и меѓучовечки односи. Жената, нејзиниот глас и нејзините права мора да се почитуваат. Честит 8 Март!, нагласува Пендаровски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам