Честитка од Мицкоски по повод Св. Сава, празникот на српската етничка заедница
Дозволете ми во мое име и во името на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на српската заедница во Република Македонија да ви го честитам големиот празник Свети Сава.
Чествувањето на денешниот празник посветен на првиот српски архиепископ и просветител претставува почитување на неговото животно дело и вредности кои ги надминаа етничките рамки и сите нас не научија на меѓусебно разбирање и почитување. Неговото дело не обединува во заложбата за креирање на подобра иднина преку јакнење на културните односи во нашата татковина.
Српската заедница како нераскинлив дел од македонското општество со својата култура и традиција придонесува за збогатување на нашето мултикултурно општество и градење на соживот и мостови на доверба и пријателство во Република Македонија.
Сите ние заедно ја живееме денешната реалност на погазено достоинство, тежок живот, сиромаштија и разочарувања. Затоа преку меѓусебна почит ние мораме да се обединиме и да донесеме промени и да ја обновиме нашата заедничка татковина за да создадеме подобра држава и подобра иднина за нас и нашите идни генерации.
Нека денешниот ден ви донесе многу здравје, радост и благосостојба вас и на вашите семејства.
Нека е честит големиот празник Свети Сава!
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата