Честитка од Мицкоски по повод католички Велигден
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод Христовото воскресение според Грегоријанскиот календар, упати честитка до сите верници кои го прославуваат најголемиот христијански празник – Велигден.
– Овој празник е симбол на надежта и новиот почеток, ден кога ја славиме победата на животот над смртта и победата на доброто над злото. Ова е празникот на верата во Бога и славата на Бога. Како што нашиот Спасител покажа дека мирот и светлината може да ги победи страданието и темнината, така секој од нас може и мора да се бори за правдата, добродетелството и љубовта. Овие универзални вредности се патот по кој што треба да чекори секој човек за да го направи светот, својата земја и својот живот подобар и богоугоден, се вели во честитката.
Мицкоски додава дека волјата, како и верата се нашата најголема сила и само сплотени можеме да ја искористиме за добри дела.
– Живееме во времиња на искушенија и предизвици, но Бог живее во нашите срца и тој може да ни помогне да ги направиме правите избори на крстосниците пред кои секојдневно сме исправени. Нашата волја, нашата вера и нашиот дух се нашата најголема сила, која сплотени можеме да ја искористиме за добри дела. Нека светлоста на овој ден биде водилката која сите нас ќе не води кон победите за подобро утре за нас, нашите поколенија и нашата татковина Македонија. Благовеста за Христовото воскресение нека ги огрее срцата и домовите на сите верници, стои во честитката на Мицкоски.
Ново на Сител
-
Тешко повреден возач на трактор - изгубил контрола над возилото
-
Извештај на ЕК : Низок оперативен и административен капацитет за сите видови транспорт
-
Израел проценува дека 51 заложник држени во Газа се живи
-
БиХ: Во Јабланица се одржуваат локалните избори одложени поради поплавите
-
Прегазена 78-годишна жена - сторителите фатени преку видео снимки
-
Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Аргентина
-
Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, досега се сослушани 26 лица
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија