Честитка од лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Груевски по повод 11. Октомври
Претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски од името на партијата и од негово лично име упати честитка до граѓаните по повод 11-ти Октомври – Денот на народното востание.
- Денес, Република Македонија ја слави Народноослободителната борба и нејзиното значење во остварувањето на вековниот сон на нашите предци за сопствена државност. 11-ти Октомври e историскиот континуитет на вековната идеја на нашиот народ за борба за слободна и самостојна Република Македонија. Оддавајќи почит на партизаните од Народноослободителната борба, оддаваме почит и кон сите наши предци кои со своето дело покажаа како се бори, како се сака и како посветено се работи за Македонијам се вели во четитката од Груевски.
Празниците како денешниот, подвлекува лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, се одлична можност да се потсетиме на минатото, но и да погледнеме кон иднината.
- Наша заедничка цел е подобра и поуспешна Република Македонија, и токму затоа е потребно обединети да продолжиме да чекориме кон оваа цел. Со заеднички сили и напори, со заедничка работа и посветеност да покажеме дека заедно можеме да извојуваме нови победи за нашата држава. Нови победи за успешна и просперитетна Република Македонија. Наша заедничка цел е силна Македонија!, стои во честитката упатена од претседателот на ВМРО - ДПМНЕ Груевски по повод 11. Октомври.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ