Честитка од Комисијата за односи со верските заедници по повод Курбан Бајрам
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод празникот Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.
- Празнувајќи го Курбан Бајрам со доблест и гостопримство кон своите блиски роднини, соседи, пријатели и сограѓани, во кругот на семејството, а во духот на спокојството и меѓусебната солидарност, претставува најскапоцен дар и почит на основните темели на мирот и заедништвото. Ви посакувам празникот Курбан Бајрам да го поминете во хармонична и весела атмосфера. Принесувањето на жртва-курбан и дарувањето да Ви ги отворат срцата кон Бога и да Ви донесе многу здравје, радост и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски, вели во честитката директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата