Честитка од Иванов по повод еврејскиот празник Пасха
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот еврејски празник Пaсха, упати честитка до Берта Романо-Николиќ, претседател на Еврејската заедница во Република Македонија, како и до сите припадници на оваа заедница во Македонија.
- Еден од најголемите еврејски празници, празникот Пaсхa во себе ја содржи пораката за слобода, правда и достоинство. Гледајќи наназад низ историјата, празникот го слави ослободувањето на Евреите, но и го отсликува поривот за победа, саможртвата и непокорот на еден народ, пишува претседателот Иванов во честитката.
Македонската историја, додава тој, бележи многу херои и жртви на знајни и незнајни јунаци кои ги поставија темелите на сувереноста на Република Македонија.
- Сите заедно градиме дом на сплотеност и разбирање. Негувајќи ги меѓусебните односи, културата и традициите, градиме дом на соживот и вредности за идните генерации, вели македонскиот претседател во честитката по повод еврејскиот празник Пасха.
Ново на Сител
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот