Честитка од Иванов по повод Денот на независноста 8 Септември

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска упати честитка до македонските граѓани по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.
- На 8 Септември 1991 година го остваривме вековниот стремеж за слободна и независна македонска држава. Гласајќи за независноста и сувереноста на Република Македонија им се оддолживме на нашите храбри предци и се обврзавме кон нашите потомци. Слободата и независноста не ни беа подарени. Од првиот ден на независноста како држава се соочувавме со двојните стандарди, со предизвикот да се движиме по необележан пат, каде за нас не важеле правилата на меѓународните односи и меѓународното право. Но, не се откажувавме и не отстапивме од нашата праведна цел – да градиме безбедна и стабилна, демократска и развиена, европска и евроатлантска Македонија, отворена кон соседите и кон светот, вели претседателот Иванов во честитката.
Ја градиме Македонија, додава Иванов, како земја на социјална правда, солидарност и напредок на личниот и заедничкиот живот. Ја негуваме вековната традиција на соживот и на прифаќање и почитување на различноста.
- Покрај надворешните се соочувавме и со внатрешни предизвици. Политичката криза не потсети дека со сувереноста доаѓа и одговорноста. Не потсети на важноста на водење дијалог во институциите кои сами сме ги создале, и чии претставници демократски сме ги избрале. Ни останува преку дијалог и соработка да ја градиме довербата неопходна за остварување на споделените цели и визии. Бидејќи, само обединети и со меѓусебна доверба ќе бидеме секаде и секогаш посилни, потенцира македонакиот претседател.
Мигрантите што денес поминуваат низ Република Македонија, вели Иванов, потсетува на македонското тажно минато. Додека сме хумани кон луѓето кои бегаат од разрушените општества и пропаднатите држави, додава претседателот, да бидеме благодарни на она што го имаме – наша сопствена држава.
- Чувањето на независноста е наша обврска, без оглед што носи времето. Ќе има и предизвици, но и нив сплотени ќе ги надминеме. Имаме енергија за многу нови потфати. Да ја направиме Македонија економски силна и развиена. Држава во која младите ќе можат да добијат квалитетно образование, работа и услови да формираат семејства и да имаат потомство. Заедно да носиме нови знаења, нови технологии и нови инвестиции во Македонија, да отвораме нови пазари за македонските производи, нови простори за македонското творештво, за повеќе работни места и поквалитетен живот во Македонија, потенцира македонскиот претседател во честитката по повод Денот на независноста на Република Македонија.
Во неа додава дека тоа може да се направи само со единство и одговорност, на кое, како што вели, не потсетува и денешниот голем ден.
Ново на Сител
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
-

Собранието ја донесе одлуката за продолжување на кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 20 октомври
-

Безбедна е водата за пиење во Скопје
-

Комбе со српски туристи на пат кон Грција излета од патот кај Велес, возачот наводно заспал
-

3.100 затруени во Гостивар
-

СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри
