Честитка од Иванов по повод 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај - Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.
- Одбележувајќи го овој голем ден, ние се поклонуваме пред ликот и делото на светите браќа Константин-Кирил и Методиј. Создавајќи ја и проширувајќи ја глаголицата од Македонија, Кирил и Методиј старословенскиот јазик го трансформираа во првиот пишан јазик на словенските земји на кој е преведено Светото писмо и на кој христијанството се прошири меѓу Словените. Со тоа, тие всушност создадоа единствен комуникациски код што им овозможи на словенските народи рамноправно да се интегрираат во заедничкиот европски духовен, културен и политички простор. Нивните ученици станаа учители на целото словенство и нераздвоен дел од Европа, се вели во честитката.
Она што старословенскиот беше за словенството, стои во честитката, тоа е современиот македонски јазик за нашето мултиетничко македонско општество – заеднички јазик кој овозможува рамноправна интеграција без асимилација на сите нејзини членови.
- Делото на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј, треба да биде наша водилка во градењето на општество достојно на вредностите кои тие ни ги оставија. Да бидеме горди на нивното наследство, да си го чуваме и почитуваме сопствениот јазик и сопствената култура. Нека е вечно нивното име и нека ни е за многу години големиот празник Свети Кирил и Методиј, се наведува во честитката.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228