Честитка од Груевски по повод 11 Октомври
Денот на народното востание, ја демонстрираше желбата на македонскиот народ за слобода и за сопствена држава. 11 Октомври беше продолжение на битката на Илинденците и сите пред нив кои се бореа за слободна Македонија, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во честитката по повод државниот празник 11 Октомври.
- На овој светол ден за македонската држава се докажа дека кога работиш за својата земја ништо не е невозможно и неостварливо, токму затоа водејќи се од нивниот пример за тоа како се работи за својата земја, треба да ја продолжиме нивната борба. Борбата беше за слободна Македонија, нашата борба е борба за економски просперитетна Република Македонија, целосно интегрирана во НАТО и ЕУ структурите, каде и природно припаѓа, вели Груевски во честитката.
11 Октомври, како што истакнува, е повеќе од обичен државен празник. - Тој е и отелотворување на идеалот за слободата и правда. Тој идеал не води и денес, и не мотивира да работиме за доброто на идните генерации, за подобро утро за сите. За градење на држава каде заеднички и сложно, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и останатите, сите кои споделуваме исти потреби и проблеми ќе одиме напред, истакнува Груевски.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето