Честитка од Џафери по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 Септември.
– Ви посакувам, како на овој ден, така и секој ден, да се гордеете со вашето потекло, да ги раскажувате и да ги негувате бошњачките обичаи и традиции и секогаш сплотени со вашите најблиски, да постигнувате успеси и напредок, но пред сѐ ви посакувам добро здравје и семејна благосостојба. Оваа држава ја сочинуваат и прават единствена сите заедници, и бошњаците како заедница се значаен дел кој секојдневно придонесува со својата уникатност во сите сфери од општествениот живот. Дозволете оваа убава празнична прилика да ја искористам да Ви искажам искрени желби за заеднички да го градиме нашето секојдневие, да придонесеме нашата држава да биде пример за просперитет, успех и добар живот, се наведува во честитката од Џафери до Бошњачката заедница.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
