Чеси сакале одмор во Ница, а завршиле во Ниш

Четворица млади Чеси се упатиле на одмор во Ница, но по грешка завршиле во Ниш во Србија, пишуваат чешките и словачките медиуми.
Организаторите на нивнот краток предбожикен одмор во Франција ги збуни новата линија на компанијата Рајанер Братислава - Ниш, и поради сличните имиња на двата града, резервирале авионски билет за лет во Србија.
Рајанер во Словачка рекламира продолжени викенди во Ниш и редовни летови од 31 октомври.
Двете двојки од Чешка наместо сонце во Ница, вчера ги дочека облачно небо во градот Ниш на јужниот дел на Србија, и со неверување го прашале екипжот на Рајанер, зошто не се во Франција, изјави денеска за словенечкиот портал Topky.sk еден од членовите на екипажот.
Чесите во Ница имале резервирано хотел и изнајмен автомобил, но во Ниш ќе останат се до петок, затоа што тогаш имаат лет за Братислава.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
