Чешките угостителски објекти отворија во знак на протест поради ограничувањата
Кафулињата и рестораните во Чешка ги отворија денеска вратите во знак на протест поради владините ограничувања воведени поради пандемијата на Ковид-19, а кои се затворени од октомври минатата година.
Стотици компании се приклучија на протестот, организиран од движењето „Chcipl pes“, чие име се однесува на владиниот антиепидемиски систем ПЕС, кој управува со ограничувањата.
– Долго време сме разочарани од Владата и сакаме да покажеме дека таа избрала погрешен пат. Уморни сме и сметаме дека министрите треба да размислат да ги напуштат своите работни места, изјави еден сопственик на пивница и ресторан во близина на Прага.
Портпарол на градоначалникот на Прага изјави дека на угостителските објекти кои самоиницијативно отвориле им се заканува максимална парична казна од 20.000 круни (932 долара) за прекршување на правилата.
Ресторани, кафулиња, пабови и барови, но и кина, театри, зоолошки градини, спортски сали и повеќето продавници се затворени за Чесите од октомври минатата година, освен краткотрајното олеснување на мерките пред Божиќ.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата