Чешките политичари против заострување на прописите за поседување оружје
Иако германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер по нападот во Минхен, во кој загинаа девет луѓе, повика на заострување на Европската легислатива за поседување на оружје, чешките политичари остануваат непоколебливи и сметаат дека тоа нема да ги реши проблемите со тероризмот.
Тие се согласуваат дека тоа што напаѓачот најверојатно оружјето го набавил преку Интернет не треба да доведе до рестрикција на оние кои поседуваат легално оружје, јави дописникот на МИА од Прага.
Шефот на државата Милош Земан за време на викендот изјави дека до нападот во Минхен можело да не дојде ако некој му се спротивставел на напаѓачот.
- Граѓаните би требало да имаат право да бидат вооружени, не да се разоружуваат, ама на начин да можат и својата сопствена активност да ја употребат против тие терористи, оцени Земан.
Министерот за внатрешни работи Милан Хованец смета дека чешките закони за оружје се задоволителни и не би требало да се заоструваат.
- Уште повеќе што досегашните вести од Германија говорат дека терористите не користат легално оружје, туку напаѓаат главно со нелегално, рече Хованец.
Слично мислење има и министерот за финансии Андреј Бабиш кој смета дека „главно треба да се трага по шверцерите со оружје, бидејќи таа трговија станува светски проблем".
- За жал како што видовме во Ница може да се убива и со камиони, па тоа не значи дека тие превозни средства треба да се намалат, изјави за весникот „Право" претседателот на опозициската ТОП 09, Мирослав Калоусек.
Пратеничката на Граѓанските демократи (ОДС) Јана Чернохова наведе дека последниот случај во Германија се користи како изговор за примена на рестриктивната Европска смерница за оружје која во моментот е „заглавена" во Европарламентот и за која ќе се расправа на есен.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава