Чешкиот премиер Бабиш во посета на земјава
Делегација на Чешката Република предводена од премиерот Андреј Бабиш денеска ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Пред доаѓањето во Скопје, Бабиш најави дека ќе искаже поддршка од Чешката Република за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија.
Со своите домаќини ќе разговара за билатералната соработка и за актуелните случувања на Балканот, во Европа и во светот. Разговорите ќе бидат фокусирани и на можностите за чешки инвестиции во земјава.
Во попладневните часови чешкиот премиер Бабиш заедно со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посетат граничниот премин Богородица.
Чешка испраќа свој полициски контингент на јужната граница од Републикава од февруари 2016 година за спречување на мигрансткиот бран. Досега низ чешкиот контингент во земјава минале над 1.000 полицајци.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип