Чешкиот министер за внатрешни работи објави компромитирачка фотографија за која тврди дека е фотомонтажа
Чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец на Твитер објави фотографија, која тврди дека е фотомонтажа, а на која е тој со гола девојка, јави дописникот на МИА од Прага.
Хованец, информираше дека фотографијата е нарачана од „одредени вработени во една издавачка куќа“, со цел да биде компромитиран.
Претходно, на социјалните мрежи тој назначи дека „нападот" е од партиското движење „АНО“ дел од владината коалиција, чиј претседател е заменик-премиерот и министер за финансии Андреј Бабиш, кој преку својата компанија е сопственик и на медиумската куќа „Мафра“, но јавно не сакаше да ја потврди информацијата.
- Летоска добив информации дека вработени од одредена издавачка куќа сакаат да објават моја фотомонтажа, наводно за да сум почнал да зборувам..., рече Хованец, кој додаде дека потоа се обратил на тајните служби.
Оценувајќи ја фотомонтажата како неквалитетна, Хованец информираше дека поднел кривична пријава.
Министерот Бабиш не присуствуваше на денешната седница на Влада, поради службен пат во странство.
Ново на Сител
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци
-
Таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ излегува на слобода
-
Касами: Добро оди целата процедура за договорање на следната влада
-
Внимавајте: Се шири линк до лажна веб страна на Владата која краде податоци за кредитни картички
-
Националниот ден на Власите - 23 Мај, неработен за припадници на влашката заедница