Чешка ги затвора рестораните и преминува на онлајн настава
Чешката Влада ќе ги затвори баровите, рестораните и клубовите од утре, 14 октомври до 3 ноември и ќе воведе учење на далечина во повеќето училишта, како дел од новите мерки што ги воведува за запирање на брзото ширење на коронавирусот во земјата.
Чешка бележи најголем раст на бројот на заразени со Ковид-19, при што на почетокот на септември имаше 25.000 случаи, а сега се искачи на речиси 120.000 позитивни на коронавирус.
Состојбата во болниците, исто така, станува потешка, бидејќи од почетокот на октомври бројот на пациенти е двојно зголемен на повеќе од 2.000.
Соочена со таква ситуација, Владата се обидува да го избегне строгиот карантин воведен пролетоска, што и нанесе огромна штета на економијата. Мерките беа олеснети во текот на летото, кога земјата излезе од првиот бран на пандемијата со помалку случаи од нејзините западни соседи.
– Свесни сме дека имаме една можност и мора да биде успешна со цел да се надмине епидемијата и овој пат, рече премиерот Андреј Бабиш на прес-конференција, додавајќи дека приоритет е болниците да го издржат притисокот предизвикан од значително зголемување на позитивни случаи.
Како дел од новите мерки, јавните собири ќе бидат ограничени на шест лица, потрошувачката на алкохолни пијалоци на јавни места ќе биде забранета, а носењето маски ќе биде задолжително во јавниот превоз. Достава ќе биде можна до 20 часот.
Сета настава, освен програмите за предучилишна возраст, ќе се изведуваат преку Интернет до 1 ноември. Бизнисите, а особено болниците, се загрижени дека мерката може да има значително влијание врз нивниот персонал. Ова е дополнителна мерка која се надоврзува на учење на далечина што веќе се применува во средните училишта.
Сите мерки ќе се спроведуваат до почетокот на ноември, а владата соопшти дека сите мерки, освен за учење на далечина, ќе бидат олабавени во согласност со епидемиолошката состојба. Училиштата сигурно ќе бидат повторно отворени на 2 ноември. Владата веќе ги заостри мерките за ресторани и ги прошири одредбите за носење маски.
Ново на Сител
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца
-
Тешка несреќа на патот Скопје-Тетово загина 19-годишна девојка и 3 лица се повредени
-
На српските навивачи нема да им биде дозволено да присуствуваат на натпреварот со Албанија
-
Приведени три лица во Тетово и Гостивар затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Најтежок руски напад врз градот од почетокот на војната