-->
-->
Червар: Неделниот дуел е нов предизвик за младиот тим на Металург
-->

Екипата на Металург е во серија од пет порази во Лигата на шампионите, а во недела во рамките на деветото коло од групата Д во Скопје ќе гостува данскиот тим Скјерн, кој е второпласиран во групата. Првиот натпревар меѓу овие два тима одигран во Данска го Скјерн со еден гол разлика 20:19.
- Скјерн заедно со Мотор ќе бидат пласирани на двете први места во групата. Првиот дуел против Скјерн можеби беше нашиот најдобар натпревар сезонава во Лигата на шампионите. Нашиот млад состав тогаш загуби поради неискуство и наивноста. Тогаш одигравме максимално. За нас неделниот дуел е уште еден нов предизвик да дадеме се од себе, нашите млади играчи да се спротиствата на силниот дански тим. Мислам дека мора да ја спречиме нивната транзиција, брзиот центар и контрите, нема да ни биде воопшто лесно, истакна во пресрет на неделниот дуел тренерот на Металург, Лино Червар.
Се очекува на последните два натпревара од групата во недела со Скјерн и следниот викенд на гостувањето кај Елверум Металург да настапи во најсилниот состав откако Лука Мраковчиќ целосно ја санираше повредата на дланката.
Натпреварот Металург – Скјерн се игра во недела во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Новогодишната ноќ помина главно мирно
-

Новогодишна донација од СВР Битола, РСБСП и ОСБСП за првото бебе во Битола
-

Напади врз полиција и апсења во Германија за време на дочекот на 2026 година
-

Бурна новогодишна ноќ за дежурните лекарски служби, двегодишно дете со повреди од огнено оружје
-

Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава
-

АМСМ: Сообраќајот кон ГП Ќафасан е се уште во прекин во двата правци
-

Град Скопје ќе гради прва катна гаража во Клиничкиот центар до втората половина на 2026 година
-

Првото бебе во државата е Евгенија, трето дете на семејството Камчеви
