-->
-->
Челзи го доби дербито против Манчестер Сити
-->
Челси со победа во дербито против Манчестер Сити и ја задржа предноста од седум бода во однос на Тотенхем кој се изнамачи да ги освои бодовите во дуелот против Свонси.
Дербито на „Стенфорд Бриџ“ го реши Белгиецот Еден Азар со головите во првото полувреме. Азар најпрвин погоди за 1:0 во десеттата минута, потоа израмни Серхио Агуеро во 26-та, а крилниот напаѓач конечните 2:1 ги постави во 35.минута.
Азар изведе пенал, Кабаљеро одбрани, но топката се одби повотрно до Азар кој од втриот обид беше прецизен.
Интересно беше на дуелот помеѓу Свонси и Тотенхем, во кој гостите победија со 3-1, и тоа со головите постигнати по 88.минута, откако домаќините водеа со 1-0 со гол на Ратлиџ. Во 88.минута Деле Али го изедначи резултатот, Сон во 91. погоди за 2-1, а во 94. минута Ериксен ги постави конечните 3-1 за фаворитот.
Ливерпул ги загуби минималните шанси кои ги имаше во борбата за титулата, откако одигра 2:2 со Борнмут. Гостите први стигнаа до гол во седмата минута кога гол постигна Афтобе. Ливерпул во финишот на првото и почетокот на второто полувреме направи пресврт со головите на Кутињо и Ориги, но на три минуит до крајот Кинг го постави конечниот резултат.
Арсенал ја прекина серијата од три натпревари на кои немаше победа и во последните половина час го доби градското дерби со Вест Хем. Стрелци за Арсенал беа Волкот, Езил и Жиру.
Саутемптон во последните пет минути ја обезбеди победата 3:1 над Кристал Палас, додека Хал освои значајни бодови во борбата за опстанок, со победата 4:2 над Мидлзброу.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за напади на енергетските капацитети
-
Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денари за литар
-
ССМ: Борба за работнички права и достоинствени плати
-
Мицкоски: Нека е со среќа повисоки пензии
-
Србија и Унгарија потпишаа договор за одбранбена соработка, Вучиќ најави и воен сојуз
-
Тетовчанка за 7.000 евра го уценувала својот вонбрачен партнер за да не го открие на неговата сопруга
-
Возач на автобус прегазил 51-годишник кој управувал со тротинет, па го напуштил местото на настанот
-
Двајца гостиварчани лажно пријавиле дека доживеале сообраќајка