-->
-->
Чеченскиот град Грозни добива делфинариум
-->
Чеченските власти најдоа инвеститор за изградба на делфинариум во главниот град Грозни.
Всушност, се работи за еден од најголемите спортски, рекреативни и забавни комплекси, изјави лидерот на руската федерална Чеченска Република, Рамзан Кадиров.
- Многу млади родители често ме прашуваат дали е можно да се изгради делфинариум во Грозни. Успеавме да најдеме инвеститор и ќе ја почнеме изградбата на комплексот кој ќе биде најголем и единствен на југот Русија. Делфинариумот ќе се простира на 10.000 квадратни метри и ќе има 500 места за седење околу базенот, напиша Кадиров на својот Инстаграм налог.
Како што јаву ТАСС, туристичкиот комплекс во Грозни ќе биде еден од најголемите во Чеченија, по скијачкото одморалиште Ведучи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дачиќ: Хулигани во Белград до смрт го претепале братот на вицепремиерот на Владата на Федерацијата БиХ
-
Столтенберг: НАТО е најуспешен сојуз во историјата
-
ЦУК: Три пожари на отворено, во нива пронајдена граната
-
Повредени две лица во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Извршен увид по пукањето на булеварот „Никола Карев“
-
Напиток од портокал, ѓумбир и морков за младешка кожа
-
ПМФЛ: Вардар го зачува прволигашкиот статус
-
Еден загинат, а двајца ранети во пукањето на „Пластичарска“