Свет
24. March 2017 - 11:19

Чеченија:Во напад врз воен гарнизон убиени шест војници и шест скстремисти

Во руската република Чеченија денеска група од осум екстремисти се обиделе да упаднат во гарнизон на Националната гарда при што се убиени шест екстремисти и настрадаа исто толку гардисти.

– За време на престрелка загинаа шест војници, има и ранети, изјави армиски портпарол.

Според него, ранетите се во критична состојба.

Инцидентот се случил во областа Наурски на север во Чеченија. Во нападот се убиени шест екстремисти, а двајца успеале да побегнат.