Чапаровска: Проектот „Купи куќа, купи стан“ поддршка за младите парови
Проектот „Купи куќа, купи стан“ е исклучителна поддршка особено за младите парови и интересот во континуитет се зголемува, изјави денеска Милица Чапаровска од „Стопанска банка“ АД Скопје, која е една од банките вклучени во проектот.
- Како „Стопанска банка“ АД Скопје имаме учество од над 35 проценти што значи досега испроцесирани апликации се над 240, а во постапка се и повеќе од 60 апликации што значи дека интересот во континуитет се зголемува. Интересот повеќе е во делот на отплатата на рата отколку на учество, но како и да е, секој од граѓаните го наоѓа својот интерес што повеќе му одговара во дадениот момент. Во секој случај самиот проект, понудата и поддршката се од исклучителна важност, рече Чапаровска, одговарајќи на новинарско прашање на денешното одбележување на Светскиот ден на штедењето.
Според Чапаровска, периодот да се инвестира во решавање на станбеното прашање е погоден како во поглед на висината на каматните стапки и понудата на пазарот на недвижности, така и во однос на условите што ги нуди проектот „Купи куќа, купи стан“ којшто го реализира Министерството за финансии.
- Условите за да се инвестира во најголемата инвестиција во текот на животниот циклус исклучително одговараат не само во поглед на висината на каматните стапки и понудата што на пазарот ја има во поглед на недвижностите, туку и условите од проектот „Купи куќа, купи стан“ коишто се исклучителна поддршка за младите парови. Мислам дека ефектот од анимирањето на овој проект во континуитет, не само во Скопје, туку и во другите градови има исклучително влијание на поттикнување на интересот, истакна Чапаровска.
Министерството за финансии редовно преку каравани и саеми низ државата го презентира проектот „Купи куќа купи стан“. Од вчера во Скопје е отворен нов саем на кој граѓаните може да се информираат за можностите што ги нуди проектот.
Ново на Сител
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски
-
Влада ги отфрли доказите на СДСМ за работењето на Меџити - немало злоупотреба на положбата
-
Европратеник Вајц: И покрај Украина, проширувањето е висок приротитет на ЕУ
-
Македонија во Обединетите нации гласаше усогласено со ставот на САД
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита