Чалханоглу останува во Милан

Со изјавата дека верува оти следната сезона ќе биде негова, Турчинот Хакан Чалханоглу ги реши сите дилеми околу тоа дали останува кај Милан.
Чалханоглу дојде кај росоњерите во 2017 година од Баер Леверкузен за 21 милиони евра како големо засилување, но ни приближно не ја покажа играта што ја играше во Баер. Затоа, по завршувањето на сезоната во јавноста се шпекулираше дека како големо разочарување може да замине од Милан. Но, Хакан го вели спротивното во изјава за „Газета дело спорт“
– Ја почнувам новата сезона со нови тренери и нов тактички систем, така што постои и нов ентузиазам. Не знам како ќе се вклопам, но знам дека ова е силна група на играчи со многу голем квалитет, изјави турскиот напаѓач на Милан.
За слабото издание во минатата сезона Турчинот има објаснување. Неговиот стил на фудбал се променил целосно во Италија, тука се трча повеќе отколку во Германија и фокусот е поголем во одбраната, дури и за офанзивец како него.
Чалханоглу минатата сезона одигра 46 натпревари за Милан и постигна четири гола, претходната сезона во Бундеслигата со Баер Леверкузен постигна осум голови од 45 натпревари.
Ново на Сител
-

Инфантино најави можно проширување на мундијалскиот формат со 64 репрезентации
-

УХМР: Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени
-

Основање на Кинеско - македонска стопанска комора
-

Најмалку 27 жртви во пожар во ноќен клуб во Банкгок
-

Јаник Синер ја одбрани титулата на Вимблдон
-

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година
-

Бројот жртви во земјотресите во Венецуела достигна 4490 загинати
-

САД и Иран продолжија со меѓусебните напади
