Церар: Милиони мигранти чекаат да го преминат Медитеранот
Милиони мигранти чекаат да го преминат Медитеранот и да пристигнат во Европската унија, предупреди словенечкиот премиер Миро Церар во интервју за „Билд ам зонтаг“, нагласувајќи дека ситуацијата е мошне сериозна.
На прашањето дали неговите оценки се премногу драматични Церар изјави дека Словенија прва предупредувала на последиците од големата миграција на балканската рута, во што многумина не верувале, но подоцна се покажало како точно.
- Низ Словенија тогаш дневно преминуваа и десетина илјади луѓе, а со огледна тоа дека Словенија има два милиона жители, тоа е како во Германија во еден ден да пристигнат половина милион мигранти, рече Церар.
- Ако ЕУ не ги спречи масовните неконтролирани миграции, наскоро нема да има што да контролира, рече словенечкиот премиер, нагласувајќи дека неконтролираните миграциски бранови би можеле да го уништат она што генерации Европејци го создавале за да го постигнат денешното ниво на безбедност и благосостојба.
Церар смета и дека Европа би морала и натаму да прима бегалци од подрачјата загрозени од војна, но само толку колку што е нејзинот вистински капацитет, но не и економски мигранти, чии животи не се згрозени.
Тој смета дека германската канцеларка Ангела Меркел била „преголем оптимист“ во поглед на интеграцијата на мигрантите и оти нејзината политика на отворени врати предизвикала проблеми, кои можат да се повторат доколку дојде до нов миграциски бран од Африка преку медитеранската рута.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата