Централниот одбор на ДОМ ја утврди Маја Морачанин како кандидат за претседателка
На денешната седница на Централниот одбор на ДОМ, Маја Морачанин беше едногласно утврдена како кандидат за претседателка на партијата на претстојниот Четврти конгрес на ДОМ.
Општо беше мислењето дека таа е природен избор, со оглед на нејзините квалитети како човек и успешен професионалец, како и поради политичкото искуство и фактот дека во партијата работи искрено, посветено и одговорно, од самиот почеток до денес. Искажано беше и задоволството од демократскиот процес на избор на ново раководство, во тимски дух и пријателство на соборци за исти вредности, што го одликува ДОМ како зелена партија.
Централниот одбор ги усвои и извештајот, програмата и другите конгресни документи, како и предлозите за идни членови на новиот централен и надзорен одбор на ДОМ.
Четвртиот конгрес на ДОМ ќе се одржи на 28 октомври 2018 година во Сити Хол, со почеток во 12 часот. За свечениот дел е најавено присуство на претставници од политички партии во Република Македонија, од зелени партии од регионот и од Европа, како и од поголем број граѓански организации и движења.
Ново на Сител
-
Трамп ги оправдува царините од 35 посто за Канада поради кризата со фентанил во САД
-
Уапсен 74-годишник кој подметнал три пожари во тетовско
-
ЦУК: До 7.30 часот седум активни пожари, четири под контрола и 27 изгаснати
-
Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти
-
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
-
Трамп: В понеделник ќе дадам „голема изјава“ за Русија
-
Шеесет и шест жртви во израелските напади врз Појасот Газа
-
Рубио: Русија изгубила 100.000 војници во Украина од почетокот на 2025 година