Централен регистар ланската добивка наместо во Буџетот ја уплатил на АД „Бетон“
Претходното раководство на Централниот регистар, добивката од минатата 2016 година во износ од 22 милиони денари наместо во Буџетот на Република Македонија, на барање на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор ја исплатил на градежната компанија АД „Бетон“ што ја градела зградата каде сега е сместена оваа институција, без за тоа да има правна основа.
Од Владата имформираат дека парите се префрлени врз основ на одлуката на Управниот одбор на Централниот регистар, со што била нанесена штета на редовното работење институцијата.
Истакнуваат дека добивките на државните претпријатија или агенции треба да одат на сметка на Буџетот.
Ова вчера било констатирано и на седница на Владата, која му препорачала на новото раководство на Централниот регистар да ја преиспита правната основа за оваа одлука на Управниот одбор на институцијата
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228