Ценовник на теророт: Исламистите тргуваат со бебиња, деца и жени

Во монструозниот свет на Исламската држава девојчињата како сексуални робинки чинат 165 долари, соопштија Обединетите нации.
-Купувањето девојчиња е исто како купување бензин, вели Зејнеб Бенгура, специјален претставник на генералниот секретар на ОН за сексуално насилство во војните. „Една девојка може да ја купат и продадат петмина или шестмина. Понекогаш џихадистите ги продаваат девојките на нивните семејства, кои плаќаат илјадници долари за откуп.

Тарифите за сексуалното робје се прават едноставно - што е робинката постара, поевтина е. Децата на возраст од година до 9 години чинат 165 долари, од 9 до 20 години 124 долари, а постарите се поевтини. Жените над 40 години чинат 41 долар.
Во ИСИЛ сексуалното робје први го бираат највисоките команданти. Оние кои ќе останат по нив идат пред локаните богати педофили и перверзници, кои добро плаќаат. Девојчињата и момчињата кои тие нема да ги земат натаму ги купуваат џихадистите.
-Тие имаат целосна машинерија и систем. Имаат упатство што да прават со тие девојки. Имаат биро кое организира „бракови“ и продажба на девојките. Имаат и ценовник - вели Бенгура, која е увереа дека е речиси невозможно да се разбие пазарот на сексуално робје во „калифатот“.
ИСИЛ заробил околу 3.000 јазидски девојчиња и девојки, со кои тргува, а и неколку илјади Ирачанки исто така се грабнати и продадени како сексуални робинки.
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
