Цените на нафтата во пораст поради заканите на Трамп кон Иран

Цените на нафтата на светските берзи пораснаа на почетокот на неделава откако американскиот претседател Доналд Трамп упати нови закани за можна воена акција против Иран што ги зголеми стравувањата од нарушување на глобалното снабдување.
Цената на нафтата „Брент“ за испорака во јуни надмина 111 долари за барел, што е за речиси 40 долари повеќе во споредба со периодот пред ескалацијата на конфликтот. Пораст на цената бележи и американската лесна нафта.
Трамп му постави ултиматум на Техеран предупредувајќи на „сериозни последици“ доколку до вторник 20 часот не ги исполни американските барања (01:00 во среда Централноевропско време). Ултиматумот поврзан со повторното отворање на Ормускиот теснец е продолжен по третпат, а реториката од Вашингтон станува се поостра.
Во изјава за медиумите Трамп предупреди дека доколку нема реакција, Иран би можел да се соочи со уништување на клучна инфраструктура, вклучително електроцентрали и мостови. Слични остри пораки објави и преку статуси на неговиот профил на „Truth Social“.
Во меѓувреме, земјите од групата ОПЕК плус изразија длабока загриженост поради нападите врз енергетската инфраструктура, нагласувајќи дека обновата на оштетените капацитети ќе биде скапа и долготрајна што дополнително ја загрозува стабилноста на снабдувањето.
Од групата истакнаа дека е од „критична важност“ да се обезбеди безбедноста на меѓународните поморски рути особено во Ормускиот теснец, низ кој поминува значителен дел од светската трговија со нафта.
И покрај тензиите, дел од земјите-членки меѓу кои Саудиска Арабија, Кувајт, Оман, и Обединетите Арапски Емирати, најавија умерено зголемување на производството. Според нив, производството во мај ќе биде зголемено за околу 206 илјади барели дневно.
Ново на Сител
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
-

Денот на македонскиот јазик одбележан и во Собранието
-

Случајот со родилката Веапоска од Дебар ќе почне од почеток
-

Средношколци од Струмица започнаа со обнова на клупите во градскиот парк
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
