Цените на нафтата нагло пораснаа по обновените судири меѓу САД и Иран

Цените на нафтата денеска нагло пораснаа, додека обновените тензии меѓу САД и Иран ги потресоа пазарите, пренесе ДПА.
Нафтата од типот „брент“ за испорака во јуни се тргуваше за повеќе од 7 отсто повисоко во споредба со претходната недела, достигнувајќи 97 долари за барел, додека американската референтна нафта „West Texas Intermediate“ (WTI) забележа слични покачувања. На почетокот на ескалацијата кон крајот на февруари, „брент“ се тргуваше под 70 долари.
Скокот на цените следуваше по зголемените тензии во Ормуската Теснина, каде што американската морнарица вчера заплени ирански брод.
Бродот бил на пат кон иранското пристаниште Бандар Абас кога бил пресретнат, соопшти Централната команда на САД (Центком). Иран го осуди овој потег како вооружена пиратерија и предупреди на одмазда.
Инцидентот означува дополнително влошување на односите меѓу Вашингтон и Техеран, само неколку дена пред истекот на договорот за привремен прекин на огнот.
Американската страна денеска треба да отпатува за Исламабад на втора рунда разговори со Иран, но Техеран сè уште не го потврдил своето учество. Според иранската државна новинска агенција ИРНА, Техеран одбива одржување на втор состанок.
МИА
Ново на Сител
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
