Цената на нафтата достигнува скоро 35 долари за барел

Квотите за јунските испораки завршија, а со тоа и времето кога цената на нафтата беше ниска – денешниот ден во кој тргувањето сé уште трае таа се искачи до скоро 35 долари за барел.
Тоа ќе придонесе за стабилизација на пазарот со црно злато, кој сериозно беше нарушен со доцнењето на намалувањето на производството од страна на ОПЕК и другите нафтени велесили, заради што се створија залихи кои толку беа големи што веќе немаа каде да се чуваат. Сега, откако дел од големите потрошувачи ги намалија ковид-ограничувањата побарувачката се зголеми – малку, но сосема доволно за да дојде до раст на цените.
Експертите сепак предупредуваат дека опасностите не се сосема оставени зад себе и дека ако повторно дојде до нарушување на пазарот заради незаситноста некои производители, тоа ќе биде толку големо што цената на нафтата ќе падне и до минус сто долари за барел.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
