Македонија
27. February 2018 - 18:11

Целосен прекин на сообраќајот Крушево-Прилеп и Крушево-Демир Хисар

 Сообраќајот на патниот правец Крушево-Прилеп и Крушево-Демир Хисар е во целосен прекин за сите видови на возила поради врнежи од снег, соопшти АМСМ.

Поради врнежи од снег воведена е забрана за тешки товарни возила на планинскиот превои Ѓавато, Буково, Стража и Пресека.