Живот
6. July 2016 - 15:39

Цело време сме биле во заблуда: Еве за што служи плавиот дел на гумата

Се сеќавате ли на црвено-сините гуми за бришење? Се уште ги има во продажба.
 
Сите мислевме дека црвениот дел служи за бришење на графитни моливи, а синиот за бришење на пенкала, но секој обид да се употреби синиот дел се завршуваше со искината хартија бидејќи тој дел од гумата за бришење е премногу груб.
 
Всушност, синиот дел е наменет за бришење на дебели и тешки хартии.
 
Најпогоден е за бришење на мастила, но исклучиво на тешки хартии.
 
На тенки и мазни хартии какви што се оние во тетратките, синиот дел е бескорисен.