Цело село завиено во црно: Случајно го уби другарот, па се самоуби

На селските гробишта во Плажани кај Деспотовац вчера се погребани другарите Јасмин Јовановиќ (28) и Драган Милутиновиќ (46). Голема тага за селото, кое за нив има само пофални зборови.
Ракувајќи со ловечки карабин, Јасмин случајно испукал куршум кој бил смртоносен за неговиот добар пријател Драган, а кога видел што направил, ја зел пушката, отишол во шума и тука извршил самоубиство.
Во куќата на покојниот Драган Милутиновиќ (46) неговиот татко Милан (71) скршен од болка, прима сочуство, од големиот број мештани на Плажани. Драган го паметат како скромен и секогаш подготвен да им помогне на сите мештани од Плажани. Рударите од рудникот „Водно“ кој е во состав на рудникот „Ресавица“ му оддадоа последна очест на својот колега Јасмин. На погребот присуствуваше и неговиот брат Миљан Јовановиќ (34) кој беше во придружба на полицајци и затворски стражари зошто издржува долгогодишна казна затвор.
-Знам каде морам да го возам сега својот син, несакам никој да ми пречи. Изгубив син. Знам каде ќе го ставам својот син и тоа е крај. Жалосно за мене, не знам за другите. Сама останав дома и незнам што ќе правам. Имам и друг син и знам што преживувам. Многу ми е тешко. Сама ги исчував Миљан и Јасмин, вели нивната мајка Јованка.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидлива
-

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат
-

Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
-

Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез
-

Рубио повика на воздржаност поради ескалацијата на насилството во Јемен
-

Хрватска од 1 јануари ја презема контролата и заштитата на сопствениот воздушен простор
-

Пет лица се повредени во руски напад врз Киев
-

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја
