-->
-->
Цела Србија е завиена во црно - Погребана учителката Бранкица
-->

Откако те нема око не можам да склопам. Не знам што ќе правам понатаму. Ова со солзи во очите го вели Драган Ивановиќ, вереникот на 49-годишната Бранкица Тошиќ која ја усмрти сопругот Владица.
- Беше моја љубов, љубов најголема, ја сакав како ниедна жена во мојот живот. Не знам што ќе правам без неа, рече вчера додека ја испраќаше во вечното живеалиште, нејзиниот вереник Драган. Тој додаде и дека Бранкица била жена измачена од животот, па затоа сакал да ја заштити од се и имал преголема љубов кон неа.
Како што пишува српскиот Курир, на погребот на несреќната жена дојдоа безброј роднини и пријатели. Сите се скршени од големата загуба.
- Чедо мое, сонце мое, не ме оставај сама, што ќе ми е животот без тебе, неутешно до ковчегот викала нејзината мајка Десанка на која Бранкица и била ќерка единица.
На погребот на жената која ја уби поранешниот сопруг имало голем број полицајци кои ги заштитувале присутните.
- Води ме и мене Бранкица, не сакам да живеам без тебе, се слушало во тишината која ја кршел плачот на најблиските.
Цела Србија е завиена во црно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бубрежна хронична болест, гојазност и дијабет – коморбидитети кај починатите од западно-нилска треска
-

Камионџиите повторно на протест - 30 отсто од капацитетите веќе не сообраќаат редовно
-

Климатските промени сериозна закана за производството на храна и аграрот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
