Македонија
3. July 2017 - 22:23

Цел Охрид на улица: Седум нови потреси, паника, никој не се враќа дома

Седум нови потреси по силниот од 5 степени во Охрид, вечерва ги испаничија жителите. Буквално цел град е на улица по потресите кои никако не запираат.
 
Последниот потрес предмалку бил со јачина од 2,8 степени по Рихтер, а претходно силни потреси од 4 степени ги потресоа жителите.
 
Тлото во Охрид не мирува.