Џет-Сет
19. December 2017 - 14:46

Цеца: Имав некои љубовни врски по смртта на Аркан...

Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко зборува за емоциите и своите врски, но како што вели, има и причина за тоа.
 
Но, при промоцијата на новиот албум на Саша Матиќ на кој имаат заедничка нумера, фолк дивата конечно реши да проговори на темата љубов, а како што вели задоволна е од својот живот.
 
- Не сакам за нешто така интимно да се зборува и пишува. Доволно е што сум задоволна од својот живот, а тоа значи дека сум го организирала така како што ми годи, рече Цеца.
 
Иако во новиот спот за песната „Лажов ноторни" излезе пред матичар и облече венчаница, вели дека се мали шансите во реалниот живот нешто слично на тоа да и се случи.
 
- Се омажив со преголема љубов и од неа се родија две деца. Не велам дека, од трагичниот прекин на бракот, цело време сум сама. Имало врски и врскички со некои луѓе, но не сум размислувала за тоа некоја од нив да заврши со брак, вели пејачката.