ЦДУ/ЦСУ: Патот кон ЕУ станува отворен за Сeверна Македонија и Албанија
Владејачката германска коалиција ЦДУ/ЦСУ смета дека патот на ЕУ останува отворен за Северна Македонија и Албанија, и покрај негативен исход од минатонеделниот состанок на Советот на ЕУ во однос на отворањето на пристапните преговoри со двете земји.
Заменик-претседателот на парламентарната група ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул и парламентарниот известувач Кристијан Шмит, ги повикаа Скопје и Тирана да продолжат со реформите и да ги разубедат сите кои се сомневаат дека нивното место е во ЕУ.
– Ги повикувам двете држави да го сфатат негативното гласање на Европскиот совет како поттик да ги продолжат сите реформски напори. Ако двете земји останат на курсот, Париз нема да може да ги запре преговорите за пристапување по втор пат. Германија ја поддржува и стои зад европската перспектива на Западен Балкан, вели Вадефул.
Кристијан Шмит, пак, смета дека негативната одлука на Европскиот совет мора навремено да се ревидира.
– Патот на Северна Македонија и Албанија и врските со Европската унија не смеат да бидат блокирани. Ние остануваме убедени дека во ЕУ има место за сите земји од Западен Балкан доколку ги исполнат критериумите. Ова конечно вклучува и почеток на пристапните преговори. Треба да се признаат постигнувањата на земјите – промена на името и сеопфатна реформа на судството, а тие треба да продолжат да ги спроведуваат реформите и да ги отстрануваат недостатоците. Ако ЕУ не се грижи за Западен Балкан, други сили ќе го направат своја сфера на влијание. А, никој навистина не го сака тоа, вели Шмит во изјавата објавена на веб страницата на ЦДУ/ЦСУ.
Ново на Сител
-
Чеферин му го честита изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ
-
Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково
-
Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
-
Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје го награди Кикбоксот со пет награди на локално ниво
-
За 3.000 евра плата се приклучил на руската војска во Украина, уапсен 37 годишен скопјанец
-
Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје
-
Обвинение за убиство на вонбрачна партнерка од страна на 33-годишник
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен - Охрид, кај превојот Буково поради сообраќајна незгода