Македонија
19. January 2024 - 16:36

Двајца работници се здобиле со повреди при извршување работи во фирма во Скопје

Во СВР Скопје, вчера, во 08.30 часот било пријавено дека во приватна болница во Скопје со повреди биле донесени Н.Т.(26) и В.М.(33), двајцата од Скопје.

Според пријавеното, како што наведуваат од МВР, тие се здобиле со повредите при извршување работни задачи во фирма на подрачјето на Гази Баба – Скопје.

Увид бил извршен и за настанот бил известен трудов инспектор.