Царовска: Унапредување на студентскиот и ученичкиот стандард е наш врвен приоритет

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа онлајн-состанок со работната група Млади-МОН на кој се дискутираше за повеќе актуелни прашања во врска со унапредувањето на младинските политики во областа на образованието, кои се врвен приоритет на Министерството.
Како што соопшти МОН, главни теми на дискусија беа потребата од измени во системот на стипендирање на студентите, нешто на што Министерството веќе работи, како и за начините и можностите за ученичкото организирање, можноста за реализација на општокорисна работа, како и за воспоставување служби за бесплатна психолошка помош на високообразовните установи.
Министерката Царовска истакна дека младите се клучен партнер во овие процеси и сите промени се прават низ консултации и иницијативи со младите.
– Секогаш постои простор за подобрување и добра е идејата новите предлози кои ќе се изработат заедно со студентите, да влезат во новиот Закон за младински стандард. Како Министерство, првпат овозможивме целосно електронско аплицирање за стипендии, а работиме и на навремено месечно исплаќање на стипендиите, рече Царовска.
Таа истакна дека Министерството за образование и наука целосно ја поддржува идејата за ученичко организирање и тоа е веќе уредено во Законот за основно образование.
– Бирото за развој на образованието веќе извесно време работи на оваа тематика и во јануари 2020 изготвен е Водич за ученичко учество, ученичко организирање и заштита на детските права во основните училишта. Ваков документ треба да биде развиен и за средното образование со поддршка и консултација со средношколците, наведува Министерство за образование и наука.
Во работната група Млади-МОН учествуваат претставници на младинските организации, Универзитетско студентско собрание и Сојузот на средношколци.
Ново на Сител
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
