-->
-->
Царовска: Се создава квалитетен социјален дијалог, добар за сите и носи прогрес на државата
-->
Во Северна Македонија почнува да се создава вистински социјален дијалог од кој можеме да очекуваме прогрес во делот на политиките за трудот што ќе биде добар за сите, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на денешната панел-дискусија „Синдикално здружување во минатото и сега“ на Текстилијадата во Штип.
Според министерката, во минатото синдикалните организации биле само фигура и не носеле одлуки, и за нив тоа го правела државата, но сега има процес во кој работите се изменети.
-Синдикатите кои се гласот на работниците се вклучени во создавањето на сите закони кои ги засегаат работниците и за истите се води здрав дијалог. Во овој дијалог се вклучени и работодавачите и државните институции и експертите, и ова навистина ме радува. Во завршна фаза е креирањето на целосно нов закон за работни односи и Владата нема да го усвои се додека не се постигне договор за отворените прашања којшто ќе биде во интерес на сите, истакна Царовска.
Потенцираше дека преку дијалог со работниците оштетени во процесот на транзицијата, се постигна денеска да има 11.000 стечајци кои се материјално обезбедени со месечен надомест до нивно пензионирање. Со новиот закон што неодамна го усвои Владата, таа вели дека нивната бројка ќе се зголеми на 12.000.
– Во преговори сме и за зголемување на минималната плата и тоа наскоро ќе се случи. Барањето произлезе од синдикатите, и низ конструктивен разговор со работодавачите можам да кажам дека сме блиску до договор, рече Царовска.
Годинешната трета „Текстилијада“ во Штип завршува утре и е посветена на „Позитивни примери од регионот – синдикати, организации и институции здружени за подобри работнички права”.
Целта е, како што соопштува Министерството за труд и социјална политика, преку културата и уметноста да се отвори темата на локално и национално ниво за склучување на партнерства за започнување на социјален дијалог за горливите теми кои најмногу ги засегаат младите и работниците.
Настанот е поддржан од Олоф Палме Центар и шведската Влада, Фондација Отворено општество – Македонија и Општина Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
