Царовска: Платите растат, ја движиме економијата напред

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска вечерва се сретна со граѓаните на Крива Паланка и Ранковци. Тема на разговор беа мерките кои Владата предводена од СДСМ ги спроведува во интерес на граѓаните и следните предизвици.
“Навистина сум среќна што од идната недела секој пензионер во државата ќе добие зголемена пензија за 700 денари. Ова зголемување ќе влезе во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки”, рече Царовска.
Царовска истакна дека изминатиот период силно се работеше на намалување на сиромаштијата. Со имплементацијата на социјалната реформа помошта кон нсјранливите е зголемена во просек за 300 %.
“За само две и пол години минималната плата е зголемена за 60% и сега изнесува 14.500 денари. Имаме постојан раст на просечната плата, а со мерките за субвенционирање на придонесите 20.000 компании во декември ја зголемиле платата на вкупно 106.000 работници. Со неколку законски измени материјално обезбедивме 12.000 стечајци до пензионирање. Продолжувам понатаму со посветена работа. Продолжуваме да ја движиме економијата напред”, рече Царовска.
Потпретседателката Царовска истакна дека Крива Паланка и Ранковце инфраструктурно се зајакнуваат со изградба на нови капитални објекти и патишта кои се во интерес на граѓаните.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеничка
-

Анализа: Амбиција за ЕУ, но и незадоволство од процесот во говорот на Мицкоски
-

Вајц: Напредокот и е потребен на Македонија без разлика дали ќе сакате да се приклучите во ЕУ
-

Левица се приклучува на разговорите за формирање опозициски фронт заедно со платформата 12.05
-

Последните случаи на врсничко насилство повторно го вклучија алармот
-

Контрацепција во Македонија користат само 14 проценти од младите жени
-

Експресниот пат Радовиш - Струмица влегува во подготовка
-

Гасификација, забрзување на изградбата на патиштата и реформи во образованието
