Царовска: Овозможуваме раст на платите во Македонија
Овозможуваме раст на платите на вработените во Македонија, со тоа што со најновите измени и дополнувања на Законот за минимална плата ја засилуваме поддршката фирмите да исплаќаат повисоки плати на работниците, рече министерката Мила Царовска, која денеска се сретна со менаџментот и вработените на текстилната фабрика „Голден Текст“ во Кочани.
Целта на посетата беше да ги запознае со најновите мерки што ги обезбеди државата за раст на платите.
- Со законските измени се предвидува работодавците што ќе им ја покачат минималната плата на вработените да добијат државна помош за зголемувањето на платите. Финансиската поддршка по работник изнесува 30 отсто од разликата меѓу бруто платата на работникот во тековниот месец и просечната бруто плата на работникот исплатена во месеците октомври, ноември и декември лани, а најмногу до 1.200 денари по работник месечно, изјави Царовска по средбата во фабриката.
Оваа мерка, освен што обезбедува повисоки плати за работниците, истовремено е и одговор на барањето на работодавците за адресираниот проблем за т.н. урамниловка. Според работодавците, има потреба од раст и на преостанатите плати блиски со минималната плата, за да не ги изгубат или демотивираат попродуктивните работници.
Со финансиската поддршка ќе се поттикне спиралата за покачување на платите во трудоинтензивните сектори што позитивно ќе влијае на растот на продуктивноста на компаниите и на растот на животниот стандард на работниците. Средствата за исплата на финансиската поддршка се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија. Финансиската поддршка ќе се исплаќа за периодот јули 2018 година-декември 2019 година.
Ново на Сител
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово